Press "Enter" to skip to content

Во наредните денови битолски компании ќе ги преземат акциите на ФК Пелистер

По неколку месеци неизвесност за судбината на фудбалскиот клуб Пелистер и за (не)решената сопственост на клубот, според наши добро упатени извори, решението е на повидок.

Неколку битолски компании, со помош на Општина Битола, ќе го преземат управувањето на фудбалскиот клуб Пелистер.

Во наредните неколку денови се очекува преземање на акциите, а до крајот на месецот ќе се одржи и ново акционерско собрание на клубот.

Нашите извори велат дека целиот процес се одвиваше малку поспоро, но тоа било така, поради една единствена цел, а тоа е да се направи цврста структура која во наредниот период ќе направи силен фудбалски клуб, кој ќе биде поквалитетен и поконкурентен.

More from СпортMore posts in Спорт »