“Битолски окупациони сили спремни за поход“ стои во фејс-бук објавата на навивачката група “Чкембари“ од Битола со која е најавено голема посетеност на ракометното финале во Скопје, во салата “Борис Трајковски“.
-Пелистер е пред голема шанса да ги освои двете титули во ракометното првенство и Купот на Македонија! Меч за тотална доманиција во македонскиот ракомет, стои под објавената фотографија која е направена пре Музејот во Битола, а како иконографија се тенкот и топот кој се наоѓаат таму.
Инаку, тргнувањето е закажано за недела во 14,30 часот, традиционално “на Бутки“.
ЗЕЛЕНА АРМИЈА НИШТО НЕ ЈА ЗАПИРА – СИТЕ ВО СКОПЈЕ.











