Press "Enter" to skip to content

И по 22 години Наумовски и Петровиќ заедно на терен, но за прв пат на различна страна

Кога ја започнуваа тренерската кариера пред 22 години во кошаркарскиот клуб Пелистер, на околу 25-26 годишна возраст, не веруваа дека по толку време повторно ќе бидат заедно на паркетот, меѓу кошевите, но на различна страна.

Драган Наумовски и Александар Петровиќ започнаа својата тренерска кариера во 1996 во Пелистер, година кога прв тренер беше Наумовски, а му помагаше Петровиќ и тогаш беа најмладиот тренерски тандем.

Во 2012 година работеа повторно заедно во КК Пелистер кога спонзор на клубот беше  Свислион, но овој пат ги променија улогите. Александар Петровиќ беше прв тренер, а помошник му беше Драган Наумовски.

Вчера во спортската сала “Боро Чурлевски“ се сретнаа повторно помеѓу кошевите, но како “носи животот“ прв пат на различна страна. Петровиќ на клупата на Куманово, а Наумовски на клупата на Пелистер. 

Другарувањата во спортот секогаш долго траеле, а срдечната средба на старите другари Дандо и Прилепо, кои не се виделе подолго време само е потврда за тоа.

С.Р.