Press "Enter" to skip to content

Името на кугларскиот клуб Хераклеја во спортска историја, сега се вика Пелистер

Единствениот кугларски клуб од Битола деновиве донесе одлука со која се променува името на клубот. Наместо Хераклеја, ќе го носи името Пелистер, како најголем број од спортските клубови од Битола.

-Како што најавивме кугларскиот клуб Хераклеа – Битола го промени своето име и како единствен кугларски клуб од Битола повторно ќе го носи препознатливиот бренд и боите на спортска Битола. Нека е аирлија и нека успесите во минатото на сите кугларски клубови бидат само поттик за наредните генерации на куглари, нека има повеќе кугларски клубови, нека има конкуренција и квалитет. Битола тоа ем го може, ем го заслужува, се вели во соопшението на кугларскиот клуб Пелистер.