На прес-конференцијата зборуваа Борче Корлевски, технички директор на клубот, Златко Димитровски – спортски директор и Томче Петрески – тренер на Пелистер.
По повод стартот на новата ракометна сезона прес-конференција се одржа во просториите на ракометнио клуб Пелистер. Техничкиот директор на Пелистер, Борче Корлевски за организационите активности околу стартот на сезоната рече:
-Најпрво би се задржал на она што е сработено во однос на стартот на сезоната, а би започнал со тоа дека за прв пат од деведесетти години ракометниот клуб е со позитивно салдо, односно нема обврски кон ниту една фирма со која работи. За време на сите месеци од кога како управа го презедовме клубот вратени се долгови од 200 илјади евра, кои биле направени во клубот од 2011 година. Покрај реновирањето на клубските простории заедно со судиите од Битола ги реновиравме и помошните простории во салата, соблекувалните, просториите за судиите и делегатот, а тоа е се со цел тука да се играат меѓународни натпревари. Тука треба да се споменат и платите на ракометрите и тренерите кои имаат исплатена плата за август, а деновиве ќе ја добијат и септемвриската плата, а за новата опрема на клубот, додаде:
-Денес сакаме и официјално да објавиме дека оваа сезона Пелистер ќе настапува со нова спортска опрема од познатиот европски бренд “Кемпа“, а договорот е направен за цела сезона. Тука ќе надополнам и тоа дека кога го презедовме клубот немавме ни топки, а сега ние како управа веќе имаме втор договор за снадбување со опрема. Овој пат опремата е донација од спонзор, партнер на клубот и има голема вредност, а истата ќе биде промоворана на првиот натпревар од оваа сезона утре на градското ракометно дерби.
Кога зборуваше за спонзорите во клубот Корлевски нагласи дека може слободно да се каже дека клубот не е само општински туку Пелистер е градски клуб.
-Во клубот дале донации 52 компании од Битола, јавни и приватни кои помагаат во клубот, а тоа се должи на чесното и транспаретно работење, а тие ни помагаат на начин кој тие ќе го одберат во соработка со нас. Сите кои ни помагаат ќе бидат впишани на дресовите на ракометарите и на сезонските билети кои ги продаваме. Инаку, сезонските билети по цена од 500 денари ќе се продаваат на касата во салата и во просториите на клубот.
Корлевски се осврна и на организационата поставеност на младинските категории, за нивното учество на меѓународниот турнир за младинци во Грција каде играа со силни европски екипи и дека ракометниот клуб има свои претставници во сите категории од младинскиот погон каде има организирани лиги, пионерски, кадетски и младински.
Спортскиот директор, Златко Димитровски рече:
-Со тоа што финансиските проблеми се минато можеме да се сконцентрираме на организационите и кадровските решенија. Во таа насока започнувме да градиме нов имиџ на Пелистер, на како пред некое време кога тешко ни беше да најдеме ракометари, токму поради тоа, дека се борџи на ракометари, дека не сме сериозен тим. Тоа што во однос на засилувањата не го направивме во зимскиот преоден рок, го направивме сега. Со буџетот кој го имаме, заедно со тренерот, дел од управата на клубот, помошните тренери направивме добар тим, а во него има нови девет ракометари. Овие засилувања беа неминовни бидејќи клубот го напуштија единаесет ракометари по разни основи. Засилени сме на сите позиции на кои не напуштија ракометари, а имаме искусни засилувања, но и млади перспективни ракометари со кои потпишавме на повеќе години. Сега имаме силни засилувања кои се веќе во клубот и со нив може да да ги оствариме амбициите на клубот, а тоа излез на европска сцена. Тоа значи дека ќе бидеме во првите четири екипи пласирани на табелата. Тоа не го искористивме лани бидејќи не искористивме некои шанси, но оваа сезона сигурно излегуваме на европска сцена, а тоа го велам бидејќи овој тим ние сами го селектиравме.
За условите кои ги имаат ракометарите во подготвителниот период Димитровски рече:
-Што се однесува до условите ние како управа понудивме се што беше побарано од тренерот и стручниот штаб. Во тој пакет услови беше и организацијата на турнирот на кој имавме силни екипи, траеше четири дена и до година ќе има посилни екипи и ќе биде поинтересни за публиката која сакаме да ја вратиме во салата.
За младинскиот погон Димитровски рече дека со координаторот Александар Зарков сакаат да направат градска младинска лига во која ќе бидат вклучени четирите ракометни школи кои работат во Битола, бидејќи натпреварите кои ги организира РФМ не се доволно за успешна работа на школите. Тој рече дека ќе учествуваат и на повеќе младински турнири на Балканот и подалеку.
Тренерот на Пелистер, Томче Петревски за оваа сезона, што се однесува на натпреварувачкиот дел рече:
-Амбициите се многу јасни, сакаме да одиме чекот понапред оваа сезона, излез во Европа. За тимот на Пелистер сакам да кажам дека не беши ни малку едностано да се состави тимот за оваа сезона бидејќи не напуштија доста ракометари, а за кратот временски период требаше да се состави нова екипа. Последниот ракометар го добивме пред десетина дена. По решавањето на проблемите мислам дека полека се консолидираме. Што се однесува за подготвителниот период го поминавме во Битола и одигравме доста натпревари, но најквалитетни беа натпреварите на турнирот во Битола против силни екипи. За квалитетот на екипата можам да кажам дека сме доста поквалитетни, што е и цел на клубот. Последните две седмици сите ракометари работат под полна пареа и едвај го чекаат првиот натпревар во оваа нова сезона против градскиот ривал екипата на Еурофарм Работник.
Златко Димитровски ја искористи прес-конференцијата да ги покани сите љубители на ракометот да бидат утре во салата “Боро Чурлевски“ и да го бодрат тимот на Пелистер.
Сашо Ристевски






