Ѓорѓе Чирковиќ, тренерот на Еурофарм Пелистер по завршувањето на првото за него градско ракометно дерби против екипата на Пелистер, мошне смирено рече:
-Му честитам на мојата екипа за победата, а победата не е многу резултатски значајна во овој период од натпреварувањето во Супер лигата, бидејќи не очекуваат уште три од вкупно четирите натпревари во лигата. Одлучувачките средби се во завршницата во плеј-офот, кога е разрешницата на сезоната. Оваа победа за мене е значајна поради тоа што ќе ја зголемиме довербата помеѓу стручниот штаб и ракометарите.
За засислувањето во името на Филип Кузмановски, Ѓорѓе Чирковиќ рече:
-Не го кријам задоволството што Филип е во екипата и тоа што за само десетина дена се интегрира во тимот. Морам да додадам дека 7-8 месеци се многу во модерниот ракомет и се може да се случи, но не само што не бегаме од тоа, туку сакаме да се замешаме во самиот врз на табелата.






