Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Работник во првото градско ракометно дерби (фото)

Пелистер – Еурофарм Работник 22:33 (9:15)

Спортска сала „Боро Ќурлевски“, гледачи: 4.000

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Пелистер: Рајчиќ, Плех, Перовиќ, Петров 1, Маџовски 1, Поповиќ 1, Чантурија, Димитровски 4, Черубин 5, Карамиан, Митревски, Лековиќ 2, Кобетиќ 3, Стоилевски 1, Зејак 4, Ивановски

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Работник: Трaјковски, Чаневски, Ивановиќ 3, Ојлески 1, Маркоски 1, Петровски 3, Талевски 1, Чурлевски 2, Мемиќ, Џукиќ 13, Крстевски 1, Дрогришки, Граџан 1, Кузманоски 1, Пецаковски, Кузмановски 6

Седмерци: 4/3, Исклучувања: 6 минутиВо последниот натпревар од првото коло во машката Суперлига, екипата на Еурофарм Работник, како гостин беше убедливо подобар во градското дерби против екипата на Пелистер победувајќи со 11 гола разлика, 22:33, полувреме 9:15.

Тимот на  Ѓорѓе Чирковиќ го совлада играчки реновираниот Пелистер, откако одлично го започнаа натпреварот, 1:5, по што следуваше тајм-аут за Петрески, но и по него ништо не се промени на паркетот. Некаде на средината на првото полувреме разлика беше +7 за екипата на Еурофарм Работник. До крајот на првиот дел имаше технички грешки, добри одбрани, а на полувреме се отиде 9:15.Само по неколку минути во вториот дел имаше серија од 5:1 за Еурофарм Работни и полека се беше јасно, дека првата победа е за сино-белите. Разликата од десетина гола се одржуваше до крајот на натпреварот. Најефикасни во тимот на Еурофарм Работник беа Ѓукиќ со 13 и Кузмановски со шест гола, а кај Пелистер Табангует, Димитровски и Зејак со по четири гола, а мора да се споменат и одбраните на голманите на двете екипи Чаневски кај Еурофарм Работник и Рајчиќ кај Пелистер.