Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер со трет Американец, Давид Бурел

Екипата на Пелистер пред почетокот на новата кошарларска сезона се засили со уште еден Американец.

Се работи за Давид Бурел, а неговото доаѓање во Битола го најави и неговата агенција за трансфери, SIMS Basketball Placement Agency.

Ова е трет Американец во дресот на Пелистер, но нема да можеме да ги видиме тројцата заедно на паркетот под кошевите бидејќи новите правила на КФМ дозволуваат во игра да бидат само двајца странци, а останатите тројца домашни кошаркари.