Press "Enter" to skip to content

Никола Десковски од Детроит, донираше во младинската школа на Пелистер

Нашиот сограѓани, Никола Десковски, кој живее и работи во Детроит, Соединетите Американски држави деновиве ги израдува членовите на младинската школа во фудбалскиот клуб Пелистер, родени 2008 година со донација која е наменета само за нив.Десковски на најмалите “пелистерци“ им поклони спортска опрема која се состои од еден комплет  дресови, маици за тренинг, маркери за тренинг и 5 фудбалски топки.

Инаку, Никола Дескоски од Детроит, САД, сопственик на фирмата “SHELBY INDYSTRIES“, не сакаше да коменрира за донацијата, а едноставно рече дека се надева дека од овие деца од оваа генерација дел ќе бидат и во првиот тим на Пелистер, тим кој го сакаме и ние кои не сме постојано во Битола.Од младинската школа на Пелистер, во знак на сеќавање на овој гест, му доделија благодарница.