Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, шеста година по ред ќе организира турнир во одбојка, на кој ќе настапат со реномирани екипи од државата, кој за сите екипи ќе биде генерална проба пред стартот на сезоната.
-Овај пат покана добија два прволигаши и една кадетска екипа. Од прволигашите на нашата покана се одзваа екипите на УГД Студент од Штип, долгогодишен учесник во првата македонска лига, како и екипата на Јанта Волеј од Скопје актуелен шампион на Македонија во најелитното натпреварување. Со кадетската екипа за прв пат на нашиот турнир доаѓа и екипата на Форца Ема од Скопје исто така име кое има огромно значење за одбојката во нашата држава и која ќе одигра натпревар против кадетската екипа на Пелистер Волеј, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.
Овој турнир за битолските ракометарки ќе значи и последен тест пред престојната сезона која сите во клубот со нетпрение ја очекуваат.
-Тренираме подолго време во летниот период и можам да кажам дека ние практично и немавме некој поголем одмор. Подготовките ги започнавме во Битола, потоа продолживме во Грција, а подготовките на репрезентацијата кои се одржаа во Битола ги искористивме максимално. Овој турнир за нас ќе биде само првата станица пред почетокот на новата сезона за одмерување на силите и проверка на формата на екипата, додава Митковски, кој не сака да дава некои прогнози за идната сезона и вели дека овој момент се сконцентрирани само на добрата организација на турнирот и успешен настап.
Инаку, да потсетиме дека во изминатите шест години на овој турнир продефилираа бројни екипи од државава, но и добро познатите Неа Генеа од Солун, Грција како и Универзитетската екипа на Тамбовскиот Универзутет од Русија. Самиот турнир е од огромно значење за битолската одбојка како и за афирмација и популаризација на одбојката воопшто.
Тунирот ќе се одигра в недела на 30 септември во спортската сала на средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“.
С.Р.






