Press "Enter" to skip to content

Повикани пет фудбалерки на Топ гол во У-17 репрезентацијата

Македонската У-17 репрезентација за жени, денес со почеток во 15,30 на тренинг центарот Петар Милошевски на ФФМ ќе го одигра последниот квалификациски натпревар проти соодветната селекција на Босна.

Од битолскиот прволигаш ЖФК Топ Гол за овој квалификациски турнир повика 5 фудбалерки: Верица Колевска, Ана Нешковска, Ивана Ристевска, Андреа Миленковска и Теодора Јанковска.

Ова за Топ гол и Битола е голема гордост но мотив и обврска да се продолжи со континуирана и стручна работа со млади категории.

Ова е квалификациски турнир каде ФФМ е домаќин на група 10 и организатор на овој турнир, а останатите селекции во оваа група 10 се и Франција и Унгарија.

Елитната или финалналната рунда ќе си одигра во Бугарија во периодот од 5 до 17 мај 2019год.

Во првите два натпревари младите фудблерки доживеаја пораз и тоа од Франција со 7:0 , и против Унгарија со 4:1.

 

More from СпортMore posts in Спорт »