Press "Enter" to skip to content

За прв пат репрезентативна кошарка во Битола, Македонија-Косово

Битолчани за прв пат ќе имаат можност во спортската сала “Боро Чурлевски“ да ја гледаат македонската кошаркарска репрезентација, која како е неофицијално соопштено на 2 декември во Битола ќе ја пречека репрезентацијата на Косово.

Оваа вест идната седмица треба да биде и официјално соопштено и од страна на Кошаркарската федерација на Македонија. 

Ова ќе биде втора македонска селекција по ракометарите кои во октомври ќе играат против репрезентацијата на Турција во Битола во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

ИБА ќе изврши инспекција на салата и потоа се очекува “зелено светло“ за одигрување на натпреварот од предквалификациите за Евробаскетот во 2021 година, а битолчани да ги гледаат избраниците на Јорданчо Давитков.

More from СпортMore posts in Спорт »