Битолчани и нивните гости и на затворањето на интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ пред влегување во големата сала на Центарот за култура, каде беа доделени наградите “Златна камера 300“ поминаа по црвениот тепих.
По црвениот тепих покрај наградените филмации, помина и межународното жири на фестивалот кои одлучуваа за наградите, директорката на фестивалот Гена Теодисиевска со нејзиниот тим од оарганизацијата.
На свеченото затворање беше градоначалничката Наташа Петровска, министерката Мила Царовска, претседателот на Советот – Валентин Груевски, генералниот директор на РЕК “Битола“ – Васко Ковачевски, градоначалниците на Ресен и Демир Хисар, владиката Пимен, бизнисмени, политичари, спортисти, актери, театарски работници…
Низ фотогалерија ви прикажауваме дел од битолчани и нивните гости кои беа на свеченото затворање на “Браќа Манаки“.

Црвениот тепих на затворањето на “Браќа Манаки“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





