Топ гол – Атлетико 8:2 (5:1)
Уште една висока победа на сениорската женска екипа на Топ гол во рамките на 5 коло од Првата женска фудбалска лига, пред околу 100 гледачи на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во градското дерби.
Екипата на Топ гол ја торпедира екипата на Атлетико со конечен резултат од 8:2 , полувреме 5:1. Головите за Топ Гол ги постигнаа Гелевска, Петровска на двапати, Ристевска реализира еден, а Јанкоска го постигна хет трик на натпреварот. За Атлетоко на два пати стрелаше Бошевска.
Со оваа победа Топ гол ја оствари својата четврта победа во низа и прокнижи нови три бода на своето бодовно салдо.
-Немам зборови со кои можам да ја искажам мојата радост за оваа победа. Славиме 9 годишен роденден од основањето на клубот, а круна на прославата е и високата победа над градскиот ривал. Што се однесува до натпреварот едниствено што жалам е за нереализираните шанси за гол и можноста за повисока победа. Голема благодарност упатувам до сите наши членови и симпатизери кои несебично не бодреа за време на целиот натпревар. Ова во иднина ќе стане и практика каде на секој натпревар од нашите такмичарски генерации, останатите членови ќе доѓаат да го бодрат својот тим, изјави Кире Грбевски тренар на Топ гол.
За Топ гол настапија: Колевска, Талевска, Јанкоска, Гоцевска, Бумбаровска, Ристевска, Петровска, Гелевска, Нешковска, Јанковска Т. Крбалевска.
Уште играа Ѓорѓиеска, Митаноска, Николовска, Миленковска и Рамовска.
Поради учество на квалифкациски турнир на Националната У-19 репрезентација натпреварите следниот викенд се одлагаат.






