Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј победници на  “Пелистер Волеј 2018“

За прв пат во шестиот обид, односно во шестиот одбојкарски турнир во организација на Пелистер Волеј, кој го носи истото име,  пехарот остана дома, во рацете на битолските одбојкарки.

“Пелистерки“ беа супериорни и во двата натпревари славеа со максимални 2:0. Најпрво ја совладаа екипата на УГД Студент од Штип (25:18; 25:13), и во вториот натпревар беше совладан минатогодишниот шампион, екипата на Јанта Волеј од Скопје исто така со 2:0 (25:20; 26:24).

-Првиот сет во натпреварот за првото место, без проблем им припадна на нашите девојки, додека во вториот и покрај експлозивниот старт на Пелистер, девојките од Скопје покажаа дека и оваа година се сериозен конкурент, но сепак победата беше за  нас, а со тоа и победата на турнирот, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј.На самиот старт на турнирот одиграа и кадетките на Пелистер Волеј против екипата на Форца Ема, во крајно драматичен натпревар со бројни пресврти и феноменална игра на двете страни. Пелистер Волеј поведе супериорно и речиси без грешка со 1:0. Сепак на крај со пресврт, подобри беа девојките на Форца Ема кои победија со 2:1 (18:15; 25:22; 15:13).

На турнирот се постигнаа следните резултати:

Кадетки:
Пелистер Волеј – Форца Ема 1:2 (25:18; 22:25; 13:15)

Сениорки:

УГД Студент – Јанта Волеј 1:2 (25:21; 19:25; 8:15)

Пелистер Волеј – УГД Студент 2:0 (25:18; 25:13)

Пелистер Волеј – Јанта Волеј 2:0 (25:20; 26:24)На турнирот беа доделени и награди и  медали за најдобри играчи по позиции:

-Техничар: Вероника Анадтасова (ЈВ)

-Примач: Сара Серафимова (ЈВ)

-Коректор: Симона Николовска (ФЕ)

-Либеро: Моника Паскова (УГД)

-Ср. Блокер: Теодора Андоновска (ПЛВ)

-MVP: Софија Петличковска (ПЛВ)

Во забавниот дел, за прв пат во историјата е доделен медал за “најнервозен тренер” кој без конкуренција му припадна на Горан Јаневиќ-Јснта, од Јанта Волеј.

Од Пелистер Волеј, по завршувањето на традиционалниот турнир искажаа голема благодарност до верната публика која во голем број беше присуна и ги следеше сите натпревари.

Инаки, стартот на новата сезона кој е закажан за 13 октомври, а ждрепката ќе се одржи во хотел “Континентал“ во Скопје, во викендот кој следи.