Press "Enter" to skip to content

РК Пелистер во потрага по нов тренер, Петрески поднесе оставка

На битолските клубови кои ги носат името Пелистер оваа сезона не им траат тренерите. По оставката на Томче Трајановски во ФК Пелистер, оставка поднесе и Томче Петрески во РК Пелистер.

Тренерот на ракометарите на Пелистер, Томче Петрески, на оваа одлука се одлучил по двата порази на стартот во оваа сезона во трите кола од Еурофарм Работник и Бутел.

Кој ќе биде наследник на местото на Петрески ќе одлучи Управниот одбор на клубот, а низ битолските спортски кругови веќе неколку дена се споменуваат повеќе имиња, но се ќе биде со знакот, чаршиски муабети.

Кој ќе го води Пелистер во наредното коло останува да видиме в сабота против екипата на Борец.

Како неофицијално ќе има и промени во Управата на клубот, а ќе има и казни и други мерки и за ракометарите.

За една година во клубот поминаа по Касим Каменица, Стевче Алушевски, Борче Марковски и Томче Петрески, а се очекува новиот.