Пелистер Волеј – Ускана 3:1
Одбојкарките на Пелистер Волеј во рамките на завршниот дел од подготовките, која ја разигруваат екипата за престојната одбојкарска сезона, го одиграа и третиот пријателски натпревар.
Во последниот натпревар кој го одиграа синоќа во салата на средното медицинско училиште, Пелистер Волеј играше против новиот прволигаш Ускана од Кичево. Иако “пелистерки“ настапија без неколку стандардни првотимки, лесно ги добија трите од четирите сета (3:1).
За потсетување минатиот викенд беа совладани УГД Студент и Јанта Волеј со максимални 2:0 по сетови.






