Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер поразен на денешното гостување во 7. коло

Лабуништа – Пелистер 2:1 (2:0)

Новиот тренер на Пелистер, Дарко Крстески по поразот во Купот, стартува и со пораз и во Втората фудбалска лига – запад. 

ФК Пелистер во 7. коло е поразен на гостувањето кај Лабуништа со 2:1, а според извештаите од терен првиот гол на Клечкаровски бил ремек дело, евро-гол. Вториот гол го постигна Спиркоски, а во второто полувреме “пелистерци“ го ублажија поразот подтугнувајќи гол од пенал во 72. минута. Голот за Пелистер го постигна Наумовски.

По седум одиграни кола екипата на на Пелистер е 9. место со 5 бода, а лидер на табелата е екипата на Струга Трим со 14 бода.