Заменик градоначалникот на Битола, Емилија Костурска, делегација на советот предводена од претседателот на Советот, Валентин Груевски положија цвеќе на споменикот на Револуционерната борба, во паркот пред Центарот за култура и со тоа Општина Битола го одбележа денот на народното востание, 11 Октомври.Во одбележувањето на државниот празник се приклучи и Сојузот на борци од Битола, а нивната делегација ја предводеше претседателот, Александат Трајковски.И локалните ограноци на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Драган Крајовски и Иванчо Тошевски положија цвеќе на споменикот.И делегација на битолското здружение на пензионери на чело со претседателот Томе Димитровски положи цвеќе.
Со полагање цвеќе, одбележан 11 Октомври, денот на востанието (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4
- Одлично деби на 18 годишниот Самоил Ристевски од Битола во тимот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Шампиони (фотогалерија)
- Ангеловски: Загубивме од подобар ривал, радуваат настапите на нашите млади играчи
- Во Битола променливо облачно, температурата до 22 степени
- Со полни трибини отворена ракометната Лига на Шампиони во Битола (фотогалерија)