Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола го објави Конкурсот за учество на традиционалниот натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ 2026, кој се одржува во рамки на одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, 25 април.
На Конкурсот можат да се јават студенти на прв и втор циклус студии од сите единици на УКЛО, кои треба да подготват оригинален и претходно необјавуван говор на слободна тема. Истиот треба да биде напишан и изведен на македонски јазик.
За натпреварот е предвидена и обука која е задолжителна за сите пријавени студенти на УКЛО ТРИВИУМ.
Заинтересираните студенти треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк, најдоцна до 22 април 2026 година.
Натпреварот во ораторство УКЛО ТРИВИУМ ќе се одржи на 29 април 2026 г. во Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 11 часот.






