Работнички – Пелистер 95:56 (34-11, 18-23, 20-14, 21-8)
Спортска сала “Градски парк“ во Скопје
Гледачи: 500
Судии: Давидов, Бошковски и Петровски
Работнички: Николовски 17, Јаневски 22, Ефремовски 8, Костов 5, Караџовски 6, Мираковски, Б. Крстевски 7, Деловски 4, Темелковски 10, Јордановски 2, Д. Крстевски 9, Митевски 5.
Пелистер: Илиевски 5, Голубовиќ 8, Трсунов 5, Харис 13, Билер 19, Зафариевски 4, Давков 2, Атанасовски, Трајковски, Талевски, Обедниковски, Ѓоргиевски.
Кошаркарите на Пелистер го забележаа и вториот пораз во второто коло од Првата лига, овој пат од фаворитот Работнички.
“Пелистерци“ во салата “Градски парк“ во Скопје само во втората четвртина имаа позитива, а додека во останатите три шампионот рутински дојде до победа.
Најдобар стрелец во тимот на Пелистер беше новото засилување Гејб Билер со 19 поени.
Во наредното коло Пелистер ќе гостува во Гевгелија кај екипата на Блокотехна.






