Press "Enter" to skip to content

Нова победа на фудбалерките на Топ гол

Топ гол – Кочани 6:1

Битолскиот женски фудбалски прволигаш Топ гол пред домашната публика ја оствари својата 5. победа во низа во рамките на 6. од ПФЛ за жени.

На фудбалскиот терен “Павел Шатев“ пред околу 100 гледачи со конечен резултат од 6:1 битолчанки ја декласираа екипата на ЖФК Кочани. Со головите на Бумбаровска во 43, Гелевска во 28, Јанковска во 22. и хет-трикот на Ристевска во 3, 11 и 60 минута  фудбалерките на Топ гол прокнижаја нови три бода на новното бодовно салдо и моментално се наоѓаат на третата позиција на табелата.

Капитенот на Топ гол, Тамара Јанкоска по натпреварот изјави:

-Им честитам на моите фудбалерки за новата победа на Кочани, продолживме со победничка низа и тоа кај нас допринесува за висока самодоверба. Изигравме фуриозно прво полувреме, а резултатот го отворивме на самиот почеток. Во текот на целиот натпревар ја контролиравме играта и темпото.

За Топ гол настапија: Ѓорѓиева, Крбалевска, Размоваска, Миленкова, Бумбаровска, Нешковска, Јанкоска, Ристевска, Гелевска, Талевска и Т. Јанковска уште играа Стојчевска, Митаноска, Николовска, Гоцевска и Петровска.

Во следното 7. битолчанки им гостуваат на екипата на ЖФК Речица.