Press "Enter" to skip to content

Јошко Петровиќ нов тренер на РК Пелистер

И официјално за нов тренер на РК Пелистер е назначен србинот Јошко Петковиќ, кој  пристигна во Битола и ја имаше и првата средба со претседателот, Васко Ковачевски, на која беа присутни и дел од Управата на Пелистер.

По доаѓањето во Битола, Јошко Петровиќ рекол дека со задоволство го прифатил повикот да се врати во најракометниот град Битола.

Јошко Птеровиќ е познат како ракометен тренер на битолската ракометна јавност, а бил и тренер на Пелистер. Покрај во Битола бил тренер и во клубовите Вардар , Металург , Железничар , Борец , Дим , Кометал ЃП , Запорожје.

Во одреден период Петровиќ бил и селектор на машката и женската ракометна репрезентација на Македонија, а најголем успех во македонскиот ракомет има постигнато со Кометал Ѓорче Петров, кога во 2000 година стигна и до финалето на Лигата на Шампионите.

Денес се очекува управата на РК Пелистер да го претстави на битолската ракометна јавност.