Press "Enter" to skip to content

Прес конференција во РК Пелистер: официјално добредојде за Јошко Петровиќ (фото)

Во клубските простории на ракометниот клуб на прес-конференција од страна на Управата на клубот беше претставен новиот тренер на клубот, Јошко Петровиќ.

Додредојде на новиот тренер во Битола и благодарност што ја презема екипата му посакаа Сашо Шамбевски и Златко Димитровски, а беше речено дека се служуваат во идеите и размислувањата на кој пат треба да се врати Пелистер. Од клубот сметаат дека носат реномирано ракометно име од овие простори и пошироко.На првото обраќање пред битолската ракометна и спортска јавност, Јошко Петровиќ рече:

-Дојдов тука со сите сили да придонесам Пелистер да биде сериозна екипа и да биде конкурент и на најдобрите. Се што треба да направи за тоа да биде така, јас сум убеден дека ќе биде за брзо направено, а верувам дека брзо тоа ќе го покажеме на престојните натпревари. Сакам тоа да биде на задоволство на луѓето кои одлучија јас денес да бидам во Битола. 

Во врска со состојбата во клубот, Петровиќ додаде:-Она што до сега е сработеното е малку за реномето на Пелистер, а со оваа констатација не сакам никој да биде навреден. Пелистер мора да биде респектабилен, тоа го посакуваат сите љубители на ракометот во Битола, а и моја желба е да оставам трага во Пелистер во моите зрели години. Бев успешен во Македонија, а сакам да бидам успешен и во Пелистер. 

-Мора сега да бидеме реални. Вардар е  друга категорија, а по Вардар не признавам ниту еден клуб од кој треба Пелистер да се плаши. Моја желба е да тренираме добро, да играме добро и тоа да се гледа на натпреварите, а кој колку ќе се стигне не е наша работа, рече Петковиќ.

Тоа што се случувало со тренерите претходно Јошко Петровиќ рече дека тоа не го погодува и не интересира, а зошто тоа се случувало бели дека сигурно нешто не било како треба. Пелистер мора да оди на тоа да биде се подобар и подобар, без разлика дали на чело Јошко или некој друг. 

За селекцијата на ракометарите рече:

-Сега е борба да се врати на местото кое го заслужува. За играчкиот кадар, ќе бидам малку груб, не ги познавам и не ме интересираат, но јас да дојдев пред 3-4 месеци, различно ќе размислував како тренер, а од вечерва на првиот тренинг нека размислуваат ракометарите дали се или не се  вредни да бидат дел од Пелистер. Јас сум дел од Пелистер сега и така ќе се однесувам, а дали тие ќе бидат и понатаму дел од Пелистер ќе зависи од тоа како ќе работат, однесуваат и како ќе играат на терен. 

More from СпортMore posts in Спорт »