Вечерва се опожарени старите турски гробишта кои се наоѓаат во населбата “Ушици“, а со пламен е опфатена целата површина, од Еврејските гробишта, до пералната “Уно“.
Според она што го видивме на самото место гори високата сува трева која со оглед на густината гори во високи пламени.
-Редовно секоја година по неколкупати се палат турските гробишта, но тоа го правеше пожарната единица со контролиран оган. Оваа година ниту еднаш не беа запалени, а овде одамна никој и не ја коси тревата, па затоа имаше висока треба која предизвика при горењето и голем пламен. Пожарната единица е тука, и под контрола полека се гасни огнот, велат жителите од населбата “Ушици“.
Пожарникарите се тука и го контролираат огнот и не дозволуваат да премине надвор од турските гробишта. Пожарникарите делуваат врз огнот со посебни апарати-дувалки, а на самото место има и пожарникарско возило, кое интервенираше околу едно паркирано возило на тротоар за да дојде до несакани последици.
Пожарот е локализиран, а на терен се уште се пожарникарите и возилото, а интервенираат и на страната од улицата “Илинденска“.

Пожар во старите турски гробишта, пожарникарите на лице место (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- “Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен





