Press "Enter" to skip to content

Се одржа Собрание на ФК Пелистер, Пеце Стојчевски – извршен директор

Завршија сите административни работи околу правните процедури за преземањето на управувачкиот пакет на акции на фудбалскиот клуб Пелистер. Акциите во висина од 75 проценти сега се откупени од досегашните акционери ЗК “Пелагонија“, “Орка холдинг“ , “Пелистерка“ и “Жито Битола“ и се во сопственост на две битолски компании.

Битолските компании ги купија акциите од досегашните акционери, без акциите да се вратат на Општина Битола, а купопродажбата беше меѓу старите и новите мнозински акционери.

По одржувањето на  собранието на ФК Пелистер беше соопштено дека за нов извршен директор е назначен Пеце Стојчевски – сопственик на кафе ресторанот “Корзо“, а за директор на бордот на директори е назначен Зоран Лазаров, директор на Клиничкиот центар – Битола.Во новата управа се уште и Љубомир Крстевски – поранешен меѓународен судија од Битола, Марјан Трифуновски и Боге Пишмановски.

Општина Битола, останува со 25 проценти од вкупниот број на акции, а во новата Управа Општина Битола има двајца претставници.

Со одржувањето на Собранието на акционерите на ФК Пелистер заврши скоро една година долгата правна борба за преземање на клубот од сега веќе поранешните мнозински акционери.

More from СпортMore posts in Спорт »