Спортскиот викенд денес во 14,30 ќе го отворат фудбалерите на Пелистер кои ќе играат против екипата на Скопје, а со овој натпревар започнува втората фаза од натпреварите. Ова е важен натпревар за Пелистер, а очекуваат и важна победа со нови бодови кои ќе му бидат потребни на фубалерите понатаму. Поради важноста на натпреварот, новата Управа на Пелистер одлучи да ги отвори вратите на стадионот и влезот да биде слободен.
Во 16 часот во невообичаен термир за ракометарите на Пелистер ќе го играат натпреварот против екипата на Радовиш во спортската сала “Боро Чурлевски“. Битолчани кои ќе дојдат во салата ќе го водат дебито на новиот тренер на Пелистер, Јошко Петровиќ, кој како и сите ракометари очекува победа.
И кошаркарите на Пелистер денес ќе играат, а овој пат во третото коло ќе бидат по трет пат гости. Денес гостуваат во Гевгелија, со екипата на Блокотехна. По двата порази на стартот од Фени и Работнички, избраниците на Предраг Созовски, и денес на хартија немаат многу шанси за победа, а домаќините се фаворити.

Спортски викенд, фудбалерите и ракометарите во Битола, кошаркарите во Гевгелија
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- Пелистер во 92. минута освои бод за опстанок кај Работнички!
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив





