Press "Enter" to skip to content

Неработен ден, но во спортската сала се работи турбо за утрешните тренинзи на двете селекции (фото)

Иако денес е неработен ден поради државен празник, во спортската сала “Боро Чурлевски“ се работи турбо на сите страни. Екипите веќе го поставија специјалниот под на кој ќе се игра натпреварот Македонија – Турција, а друга екипа веќе го полира и подготвува за лепење на официјалните ЕХФ знаци и реклами кои ќе се најдат таму.Веќе се поставени и дел од рекламните паноа на компаниите кои се спонзори на репрезентацијата и битолските компании кои се помагатели на овој репрезентативен натпрева. Тука се големите реклами на ЕЛЕМ, “Водовод, “Комуналец“…Се дотеруваат и делегатската канцеларија и прес-центарот, а претходно се реановираа и соблекувалните, а сето тоа беше иницијатива на битолските ракометни судии, кои сега се вклучени во организацијата на овој натпревар.Исто така се работи и на уредување на службениот влез во спортската сала “Боро Чурлевски“ се со цел двете репрезентации, службените лица и гостите да имаат одлични услови за играње. Да потсетиме натпреварот Македонија и Турција, кој ќе се игра во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2020 година, ќе започне четврток во 20,15 часот. Битола ќе биде домаќин на репрезентацијата, а последен пат во градот гостуваше БиХ за истите квалификации во 2005 година.Двете репрезентации ќе бидат во Битола утре, а единствен проблем имаат битолските навивачи кои бараат влезница повеќе.

More from СпортMore posts in Спорт »