Press "Enter" to skip to content

Кои битолчани ја бодреа Македонија на трибините (фотогалерија)

По 13 години повторно Битола беше домаќин на македонската ракометна селекција во официјалн ЕХФ натпревар, овој против селекцијата на Турција, која ја победи во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство.И повторно салата “Боро Чурлевски“ беше исполнета, а публика не само на столчињата туку, како во старите добро времиња за ракометот во Битола имаше на скалите, по оградите, а имаше можеби илјада кои беа отповеќе на трибините.Голем број на љубители на ракометот останаа пред салата иако имаа купено влезници, а РФМ им се извини, а РК Пелистер на сите ним ќе им ги врати парите.Во салата имаше млади битолчани кои можеби и не биле на некои вакви натпревари во тогашната сала “Младост“, а тука беа и “ветераните“ од навивачката група “Чкембари“, Ефто, Ѕунзо, Диме Вф, Паљото, Цаличо, Ферџо… слика која ретко  се гледа сега во салата.На трибините беше градоначалничката со соработниците, а тука беа и политичари, бизнисмени, ракометни работници, спортски работници, поранешни спортисти, а тука беа и битолчаните кои секаде каде и да настапува репрезентацијата ја гледаат.Овој пат во салата имаше и голем број деца и претставнички на поубавиот пол, а публиката ја забавуваа и танчерките на “Експоуз“ од Битола.Низ фото галерија ви доловуваме само дел од атмосферата во салата “Боро Чурлевски“.

More from СпортMore posts in Спорт »