Струга – Пелистер 23:27 (15:15)
Борец – Еурофарм Работник 18:41 (10:18)
Двете битолски ракометни екипи Пелистер и Еурофарм Работник гостуваа во седмото коло од Супер ракометната лига и забележаа победи. Пелистер победи во Струга, а Еурофарм Работник во Велес.
Екипата на Пелистер победи на гостински терен славеше со 23:27, а со тоа Јошко Петковиќ врза две победи по ред. По изедначеното прво полувреме 15:15, во второто полувреме битолчани направија солидна разлика 18:21, која ја задржаа до крајот на натпреварот. Чантурија со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, а по четири постигнаа Кобетиќ и Поповиќ.
Ракометарите на Еурофарм Работник лесно и убедливо дојдоа до нова победа која само ги зацврсти на првото место без пораз, совладувајќи ја младата екипа на Борец од Велес 18:41, полувреме 10:18. Гол разлика се зголемуваше од минута во минута, а домаќините беа само статисти. Најефикасен кај тимот на Еурофарм беше Никола Ивановиќ со десет гола, Филип Кузмановски запиша шест погодоци, а Чурлевски и Талевски постигнаа по пет гола.
По 7. коло Еурофарм Работник е прв на табелата со максимален број на бодови 21, а Пелистер е на 4. место со 15 бода.






