Пелистер Волеј – Виола Волеј (2:0) (25:07; 25:08)
Пелистер Волеј – Наковски Волеј 2 (2:0) (25:09; 25:10)
Започна и одбојкарската сезона за пионерките во одбојка со одигрување на првиот турнир кој се одржа во Струмица на кој битолските млади одбојкарки забележаа две експресни победи за прво место во групата, без загубен сет.
Во првиот натпревар силно совладана е екипата на Виола Волеј од Велес за само 37 минути, а на противнккот допуштени му се само 15 поени во двата сета. Вториот натпревар против екипата на Наковски Волеј решен е во наша полза со максимални 2:0 во 32 минути игра.
И на двата натпревари шанса доби целиот ростер на пелистер, а девојките покажаа дека сосема го заслужиле местото во екипата.
Бронзените пелистерки од минатата сезона покажаа дека и оваа година ќе бидат моќни доминантни и секако ќе бидат сериозен конкурент за првото место на табелата во својата група како и тоа дека и оваа година ќе атакуваат на влез во Ф4.






