Експресно откако вчера направи спогодбен раскин на договорот со екипата на Еурофарм Работник, битолчанецот Стефа Дрогришки го стави својот потпис на договорот со екипата на Пелистер, а од другата страна потпис стави Сашо Шамбевски.
За двата турбулентни денови сега веќе како член на Пелистер, Дрогришки кретко веливели:
-Прво ќе кажам дека раскинот со Еурофарм Работник беше само поради малата минутажа која ја имав во клубот и се договоривме да се разделиме. Што се однесува пак до моето враќање во Пелистер, односно за изборот тука да ја продолжам својата ракометна кариера причината е едноставна, Пелистер е мој матичен клуб и сакам и покрај конкуренцијата која ја има во тимот да се докажам и да имам поголема минутажа.
Инаку, Стефан Дрогришки ќе игра на позицијата лев бек, а зад него со 24 години има богато си-ви. Потекнува од школата на Пелистер, со 17 години беше првотимец, а потоа по арбитражата која ја имаше со Пелистер кариерата ја продолжи во Металург. Од таму се врати во Битола, но во Еурофарм Работник, а сега повторно во Пелистер.
Дрогришки бил и младински и сениорски репрезентативец на Македонија, а како додава би сакал да се докаже и пак да се врати во црвено-жоллиот дрес на македонската селекција.






