Пред европското деби оваа сезона против Берн во третото коло на ЕХФ Купот, Еурофарм Работник на прес-конференција со размислувањата на тренерот Ѓорѓе Чирковиќ и левото крило Гоце Ојлевски.
За натпреварот од третото коло на ЕХФ, тренерот Чирковиќ рече дека ги очекуваат 120 минути по кои ќе се одлучи кој ќе биде патникот во третото коло.
-Ни престојат два натпревари против една од најсилните швајцарски екипи, а 120 минути не делат од пласманот во лигата на Европа. Во сабота се првите 60 минути во Битола и ќе ни треба многу работа, концетрација, волја, кои мораме да ги искористиме максимално. Убеден сум дека победникот ќе се решава во Берн. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите да бидат во салата в сабота бидејќи оваа екипи со односнот кон работата и игрите кои ги прикажа го заслужува. Не чека одличен противник, добро подготвен на секој план и затоа посакувам победнички амбиент на трибините, за дополнителна енергија и да направиме голем успех.
Десното крило Гоце Ојлевски додаде:
-Со нетрпение го очекуваме овој натпревар уште од август месец кога стартуваа подговките. Екипата оваа година има повисоки цели, ланската во Челинџ купот, а оваа не очекува ново напреварување каде имаме шанси да испишеме голем успех со влегувањето во групната фаза кога ќе се натпреваруваме со поголеми и позвучни екипи.
Ојлевски во име на играчите порача дека ќе го дадат својот максимум, а ја повика и публиката да биде осми играч во сабота, да се направи добар резултат и да им биде полесно на гостувањето.
Чирковиќ за противникот рече дека претставуваат силен ривал за нас. Го анализираме противникот, искусна екипа се, многу се организирани, секој напад им е осмислен. Имаат 4-5 интернационалци кои се незгодни и играат крајно доскиплинирано и напаѓачки. Централниот век Чехот Шумански е клучниот нивни ракометар. Елиминираа посилна екипа од себе, рускиот Спартак.
Како гаш главен проблем на Еурофарм Работник тренерот вели дека е недостатокот на квалитетни натпревари.
-Последен пат одигравме квалитетно 15 минути против Бутел пред еден месец, но тоа беше пред еден месец, вели.
На патот до третото коло Берн го елиминира рускиот претставник Спартак Москва.
Денес ракометарите на Еурофарм Работник играат против Вардар Јуниор во спортскаа сала “Боро Чурлевски“.






