Ракометниот Клуб Пелистер денес им се заблагодари на двајцата интернационаци за досегашната соработка со клубот. Тоа е денес одлучено на редовниот состанок на Управата на Пелистер.
Се работи за Владимир Зејак и Мохсен Карамиан на кои клубот му се заблагодари на досегашниот ангажман.
Во официјалното соопшение се наведува дека отказот на двајцата странци не е предизвикан од вчерашниот пораз во Охрид, туку напротив се темели на промените кои мора да се случат во играчкиот кадар на зелено-белиот состав под раководство на новиот тренер, Јошко Петковиќ.






