Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер со нов пораз од Вардар во Скопје

Вардар – Пелистер 65:63

Спортска сала “Кале“

Гледачи: 300

Судии: Мијалковски, Михајловиќ, Петровски

Вардар: Ивановиќ 6, Каркуки, Михајловски 11, Радош 12, Провел 23, Салев 8, Серафимовки, Саздановски, Анастасов, Волкановски, Прентовиќ 1, Хот 4.

Пелистер: Арсовски 2, Давков 2, Голубовиќ 12, Харис 19,  Билер 24, Захариевски, Илиевски, Атанасовски 3, Трајковски, Талевски, Трсунов 1, Обедниковски.

Екипата на Пелистер е победена на гостувањето во Скопје од директниот конкурент за подобар пласман во долниот дел на табелата, во натпревар во кој можеа лесно да стигнат до победа според тоа како се одвиваше натпреварот, а имаа и последни напад во кој не погодија за реми или за победа.

Битолчани првата четвртина ја добија со 22:14 во игра во која постојано ја зголемуваа разликата, а втората четвртина беше изедначена, 19:17. На одмор “пелистерци“ заминаа со 33:39 што беше солидна разлика.

Третата четвртина беше изедначена резултатски 11:11, а домаќините од 46:52 на стартот на последната четвртина првото водтсво го имаа на средината 57:55. Потоа се играше изедначено кош за кош, а Пелистер имаше водство на на 2 минути пред крајот 61:62. Потоа Харис промаши слободно фрлање за водсто 63:64, а следеа две погодени слободни фрлања на Вардар за победа.

Билер со 24 поени беше најефикасен кај “пелистерци“.

More from СпортMore posts in Спорт »