Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер го победија шампионот на Македонија

Пелистер Волеј – Јанта Волеј 3:0 (25:16; 25:22; 25:15)

Во 6-то коло од Прва државна одбојкарска лига во Битола падна минатогодишниот шампион на Македонија, екипата на Јанта Волеј со максимални 3:0, откако девојките беа максимално мотивирани и истрчаа самоуверено на терен.

-Немам зборови ова беше натпревар за пример во секој поглед играчки и тактички. Одбојкарките беа убедливи и доминантни во секој сегмент од играта со исклучок на еден период во вториот сет кога при водство на Пелистер од 12:5 дозволивме серија на противникот и нивно превземање на водството 15:16. Но тоа траеше само до 18 поен по што со мини пресврт го добивме сетот со 25:22. Во третиот сет се играше изедначено до 8:8 по што нашите девојки почнаа да играат маестрално со точни сервиси, точни приеми и напад каков само можи да се посака, рече по победата тренерот Роберт Митковски. 

More from СпортMore posts in Спорт »