Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со победа на реваншот во Швајцарија до групната фаза

Берн – Еурофарм Работник 28-30 (15-13)

Берн: Татар, Фрајберг, Шененберг 1, Хер 1, Баумгартнер 3, Гецман 4, Стрифелер, Милошевиќ, Кусио 7, Спинола, Герлих 7, Старм 2, Шимански 1, Арм, Мулеман 2

Седмерци: 4/3, Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Работник: Ивановски, Чанески, Трајковски, Ивановиќ, Ојлески 4, Пецаковски 1, Талевски, Чурлевски 3, Мемиќ 1, Кузмановски 4, Кукоски 1, Крстески 3, Граџан 7, Ѓукиќ 3, Петровски 3

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 14 минути

Црвен картон: Дејан Пецаковски – 3 исклучувања (Еурофарм Работник)Екипата на Еурофарм Работник по убедливата победа во Битола пред една седмица и на реваншот во Берн, Швајцарија ја победи екипата на Берн во третото коло и се пласира во групната фаза на ЕХФ Купот.

Екипата на берн се обиде на стартот да ја анулира предноста од 10 гола, а нивната еиифорија траеше само на почетокот на средбата кога поведоа со 2:0, но фармацевтите се покажаа како трвд противник кој во првото полувреме одржуваше минусна разлика од гол-два, а на полувреме отидоа до 15:13.

Почетокот на второто полувреме го покажа квалитетот на битолската екипа, а поведоа 15:16, а по десетина минути и до 15:16, по што веќе се знаеше кој екипа ќе презими во ЕХФ купот. Со таква предност се заврши натпреварот и на крај победија со 2 гола предност 28:30.

Најефикасни поединци во тимот на Еурофарм Работник беа Граџан со шест гола, а Ојлески и Кузмановски со по четири гола. 

Ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот е закажана за в четврток на 29 ноември, а следните натпревари се закажани за 9/10 февруари 2019 година.