Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј пропуштија шанса за победа во Струмица

Наковски Волеј – Пелистер Волеј  3:1 (25:19; 21:25; 25:13; 25:15)

Во рамките на 7. коло од Прва државна одбојкарска лига екипата на Пелистер Волеј е поразена на гостувањето со 3:1 во сетови, но како велат ќе жалат за поразот, бидејќи испуштија неколку шанси за победа.

-Има за што да жалиме во овај натпревар затоа што убаво го започнавме првиот сет со водство од 6:2, но по недоволното залагање после 14 поен, шанса доби целата клупа па силите се чуваа за 2 сет. И оправдано, бидејќи во вториот сет исто така водевме до средината и по една мини серија противникот превзеде со 17:15. Потоа со една добра серија се изборивме и го одведовме сетот во наша корист со 25:21. Ако за нешто навистина жалиме тоа е шансата во 3 сет кога имавме 3:0 и 10:04 во наша полза, по што се создаде непотребна паника, вели Роберт Митревски, тренер на Пелистер Волеј.

Во последниот сет “пелистерки“ започнаа доста лошо, па по серијата на домаќините се стабилизираа, но тоа не беше доволно за да направат нешто повеќе.

Сега по враќањето во Битола сите мисли им се насочени кон натпреварот со директниот конкурент за 6-тата позиција УГД Студент од Штип во следното 8. коло, кое се игра во Битола.