Пелистер – Баскет Кам 49: 58 (7:18, 14:14, 16:12, 12:14)
Екипата на женскиот кошаркарски клуб Пелистер, во последното коло беше поразена на домашен терен од екипата на Баскет Кам од Кавадарци. Во текот на целиот натпревар гостинската екипа беше во водство, а “пелистерки“ на неколку пати се приближија на 2 коша разлика но немаа решение за разиграните кошаркарки на Баскет Кам.
-Имавме многу лоша прва четвртина во која гостите направија разлика од 11 коша, а во останатиот дел бевме рамноправни, а на моменти и подобри. Но, и покрај сите напори не успеавме резултатски да ги стигнеме. Овој пораз е поука за младите кошаркарки како не треба да се отвора натпреварот и дека мора да бидат концентрирани во текот на целиот натпревар, вели тренерот Горјан Стојановски.
Екипата на Пелистер настапи во следниот состав: Ана Стојановска, Ивана Тасева, Стефанија Костадинова 8, Сара Стојановска 7, Емилија Џарлиева, Теодора Кузмановска 16, Вероника Павловска, Христина Ставревска, Норче Мемедовска 9, Ана Талевска 3, Кристина Ивановска 6 и Ана Поп Николова.
Во следното коло екипата на Пелистер му гостува на шампионот, екипата на Бадел, во Скопје.






