Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник во групната фаза со Хановер, Татабања и Нексе Нашице

Веднаш по ждрепката во Виена, ЕХФ го објави и распоредот на натпреварите од групата “Б“,  а “фармацевтите“ својот прв меч ќе го играат на гости кај Хановер, Германија. 

Во Виена, во седиштето на ЕХФ беа извлечени групите на ЕХФ Купот, каде на пролет ќе се натпреварува и екипата на Еурофарм Работник која обезбеди пласман по победата на швајрската екипата Берн, со победи во двете средби.

Екипата на Еурофарм Работник ќе биде во “Б“ групата, а ќе игра против екипите на бундеслигашот Хановер, унгарска Татабања, хрваткиот претставник екипата на Нексе Нашице. 

По дознавањето на противниците тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ за bitolanews, рече:

-Иако  на прв поглед мислим дека добивме поволна група, бидејќи сите знаeме дека можевме да имаме во групата помоќни екипи, тоа не значи дека ова група е лесна. Хановер оваа сезона игра одлично во Бундеслигата, Татабања е предводена од унгарскиот селектор и пред извесен период го совлада веспрем, а исто така и Нексе оваа есен и му прави проблеми на Загреб. Сега пред нас е најважниот период, односно нашиот успех во ЕХФ ќе зависи од работиме во јаннуари, кога треба да имаме силни подготовки. Сега ни се отворија нови три “фолдери“, знаеме со кога и кога играме. Сепак, морам да признам дека нашиот ростер е краток, и доколку не го засилеме оваа зима сигурно нема да можеме соодветно да се подготвиме за европските  натпревари. 

Филип Кузмановски за еврипските натпревари кои го очекуваат клубот рече:

-Еурофарм Работник чекори кон вистинскиот пат, а јас за овој клуб се одлучив за квалитетите да ги покажеме на европска сцена. Сега, без разлика какви ќе бидат плановите на управата, наше е максимално да им се посветиме на подготовките за овие натпревари. Некои очекуваа потешка, а некои полесна група, но тоа не треба да нè оптоварува, треба да мислиме само на нашата игра. Битолчани уште против Берн докажаа дека го сакаат ракометот. Сигурен сум дека и на овие натпревари салата ќе биде преполна и ќе ни биде нашиот осми играч, бидејќи Еурофарм Работник е битолски и македонски претставник во ова натпреварување.

Еурофарм Работник својот историски прв меч ќе го играат на гости кај Хановер (9 или 10 февруари), а во Битола прв гостува унгарскиот тим Татабања (16 или 17 февруари).