Ракометарите на Еурофарм Работник во ресторанот “Белведере“ заедно со стручниот штаб го следеа извлекувањето за групната фаза која ќе се игра на пролет.
На ракометарите и тренерите им се приклучи и Силјан Мицевски, кој по дознавањето на противниците им се обрати на ракометарите и стручниот штаб.
-Ви посакувам успешни натпревари во групната фаза од натпреварувањата и победи. Добро е да се игра против екипи кои се рамни на квалитетот на нашата екипа, но и со подобри екипи, а само така ќе го докажеме квалитетот на нашиот тим, им порача Циле на ракометарите.
Првата средба ракометарите ќе ја имаат во Германија во февруари во Хановер.






