Press "Enter" to skip to content

Тренинг победа на Еурофарм Работник, Пролет предвреме се предаде (фото)

Еурофарм Работник – Пролет 35:26 (20:10)

Ракометарите на Еурофарм Работник лесно дојдоа до победа над екипата на Пролет во натпревар во кој гостите ниту се обидоа да направат нешто повеќе, освен да чекаат да завршат 60 минути, помирени со поразот.

Екипата на Еурофарм Работник започнаа одлично на стартот на натпреварот и на средината на полувремето имаа предност од 9 гола, 13.4, со што беше скршен отпорот на противникот. По тајм-аутот за гостите ништо не се промени и на полувреме со 10 гола предност завршија домашните ракометари.Второто полувреме помина исто во знак на домашните ракометари, а сите во ладната сала “Боро Чурлевски“ добија шанса од тренерот Чирковиќ. Резулатот на крај беше +9 за Еурофарм Работник, 35:26.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Работник беше крилото Џукиќ со 9 постигнати гола, Кузмановски со 5.