Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер не губат во Битола (фото)

Пелистер Волеј – УГД Студент  3:0 (25:15; 25:17; 25:18)

Во рамките на 8. коко на Првата државна лига на Македонија екипата на Пелистер Воилеј продолжи со победите на свој терен, а овој пат нивна “жртва“ беше екипата на УГД Студент.

Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митревски и пред натпреварот им посочи на неговоте избранички дека победата против ќе значи огромен исчекор.-Потврдивме дека имаме квалитет и дека на некои натпревари во гости можевме да постигнеме повеќе. Но, младоста и некои избрзани потези ги направија своето. Но, дома пред својата верна публика докажавме дека сме супериорни и дека на секоја екипа ќе им биде тешко да дојде до бодови, вели Митковски, кој за самиот натпревар кратко рече:

-Прв и втор сет беспрекорно одработени, додека во третиот имавме мал пад на играта кога на моменти УГД водеше и со 2:9, но сепак девојките покажаа дека се подготвени да се носат и со вакви предизвици, па направија пресврт со апсолутна доминација до крај.

-Со оваа победа и со нови три бода од седмата се позициониравме на посакуваната петта позиција со 11 бода, додава Митковски.

Во  9. коло екипата на Пелистер Волеј гостува во Скопје против екипата на Работнички Жени.