Викендов во Белград се одржа меѓународниот детски семинар за реален аикидо “Луба Врачаревиќ“, кок традиционално се одржува секоја година на почетокот на декември. На овој семинар, иако ретко патува надвор од Македонија, предавач беше и битолчанецот аикидо мајсторот Ѓури Илиќ, кој како претседател на македонската аикиди федерација беше и водач на македонската делегација.
-Поканата на Ана Врачаревиќ, која е наследник на учењето на нејзиниот татко Љуба Врачаревиќ, ја прифатив лично да бидам предавач, а се договоривме со другите клубови и голем број на млади џудисти да присуствуваат таму. И веднаш ќе кажам дека не погрешивме. Одличен семинар на кој имаше што да научат младите, а јас на кого да предавам, вели Илиќ по враќањето во Битола.
На семинарот во спортскиот центар “Шумарице“ во Белград се појавија многу млади вљубеници на реалниот аикидо, за посетеноста Илиќ вели:
-Белград, односно, спортскиот центар “Шумарице“ е домот на реалниот аикиди, бидјеќи таму работеше големиот мајстор на овој спорт Љуба Врачаревиќ. За посетеност би сакал да ја цитирам неговата ќерка Ана која рече дека полна сала со насмевки на лицата на нашата мала аикидока, зборуваат повеќе од илјада зборови, а салата пак како и изминатите години беше претесна да ги прими сите заинтересирани млади.
Детскиот семинар, разбирливо, привлече голем интерес кај белградските медиуми, а нашиот Илиќ бил мета на новинарите, а даде и неколку интервјуа за неговата работ, поврзаноста со семејството Врачаревиќ, реалниот аикидо во Македонија.






