Press "Enter" to skip to content

Двајца битолски пливачи од Олимпик на “ГД куп 2018“ за деца во Благоевград, Бугарија (фото)

Викендов во Благоевград, Бугарија, се одржа традиционалниот, седми по ред, детски, пливачки, “GD Cup 2018“, во организација на пливачкиот клуб СК ГД Спорт и општината Благоевград.

На овој пливачки куп учествуваа 210 деца од бугарските клубови, ЦСКА, Пирин, Левски, Вихрен и ГД, а на покана на домаќините учествуваа и два клуба од Македонија, Олимпик од Битола и Челични од Штип.

За боите на битолскиот пливачки клуб Олимпик настапија Ана Лазаревска родена 2004 година и Дамјан Петровски роден 2010 година.Двајцата на купот постигнаа одлични резултати, ги подоброји своите лични времиња во категориите каде пливаа, освоија и 4 медали и пехари кои кои иднина ќе ги красат нивните лични и витрините на пличкиот клуб.

Тренер на двајцата битолски претставници Ана и Дамјан им е Кире Марков кој е задоволен од тоа како испливале неговите избраници и се надева дека ако продолжат со ова темпо на работа, брзо ќе напредуваат.

Од пливачкиот клуб велат дека и во иднина ќе продолжат да учествуваат на вакви меѓународни натпревари и дека сакаат во своите редови да имаат што поголем број на млади пливачи кои во иднина ќе го претставуваат Олимпик и ќе носат во Битола добри пласмани, медали и пехари.

More from СпортMore posts in Спорт »