Press "Enter" to skip to content

И по третиот турнир младинките на Пелистер Волеј без загубен сет

Пелистер Волеј – Бами Кор (2:0) (25:12; 25:23)

Пелистер Волеј – Работнички Ж.  (2:0) (25:23; 25:18)

Младите одбојкарки на Пелистер Волеј и во учеството на третиот турнир продолжија со максималниот учинок победувајќи на двете средби без изгувбен сет, што ги прави големи фаворите во борбата за шампионска младинска титула.

Тие на последниот турнир ги победија екипите на Бами Кор и Работнички Жени со ист резултат 2:0 во сетови.

-По напорниот прволигашки дуел во Битола викендов  имавме и два нови натпревари за младинките, на кои извојуваа две максимални победи од по 2:0, повторно без загубен сет. Овие две победи и досегашните максимален број на победи не сместува во водечката четворка, која нема загубено сет по одигрување на првата фаза по групи со максимални 12 бода, исто како и минатата година, велат од Пелистер Волеј.

Младите одбојкарки го сработија нивното, а сега останува да го чекаат исходот од другите групи и нивниот противник во првиот 1/8 финален бараж натпревар на пролет, кога ја започнуваме последната етапа од патот кон нов Ф4 во младинска конкуренција. Тие напоменуваат дека ќе имаат полесен противник поради двете последни победи, а ќе добијат противник од долниот дел на табелата.

More from СпортMore posts in Спорт »