Press "Enter" to skip to content

Младите куглари од “Кугламе и сме среќни“ куглаа во “нормална куглана“ (фото)

Младите куглари кои веќе неколку месеци се вклучени во проектот “Кугламе и сме среќни“ за прв пат имаа прилика да куглаат на куглана на плочи, или “нормална куглана“ по сите светски кугларски стандарди. Тоа се случи во храмот на македонското куглање, кугланата која е прва голема автоматизирана куглана во Македонија каде што неколку пати се одигрувале големи европски и светски првенства, кугларницата “Мусандра“ во ГТЦ, Скопје.-Очекувано, “wow ефект“ при влегувањето и трема од новиот амбиент од страна на нашите кугларчиња, вели Игор Михајловски за првите ипресии на младите куглари од “Мусандра“, кој додава:-Љубезно пречекани од домаќините, од вработените и кугларите од ГТЦ, предводени од нивниот играч Слободан Лазарков. Не пречекаа исто така и кугларската легенда на македонското куглање Менсур Ајдин (репрезентативец, селектор на репрезентација, човек кој сиот свој живот го посветил на куглањето и сеуште одлично се држи и е активен куглар), Перо Гиевски (човек кој го води генерално женскиот клуб), Дарко Димитровски (член на новиот ИО на КФМ, инаку коосновач на к.к. Вардар 2014) и Билјана (Биба) Гавриловска, репрезентативка кои ги поздравија нашите куглари пред почетокот на тренингот, пренесоа пораки, искуства и ни посакаа убави мигови во кугланата.Младите битолски куглари во “Мусандра“ куглаа во за нив во еден невообичаен формат 2х30 од кои 50 во полни и 10 во чистење. Чистењето е нешто ново за нив и само неколку тренинзи го имат тоа работено и беа подготвени за тоа.-Резултатите, како за прв пат на ваков тип на куглана, повеќе од одлични. Во женска категорија најдобра беше Емилија Переска со 267, Јована Спасеновска 263, Андреа Вељановска со 257, Стефанија Алексовска 255, Ана Марија Вељановска 254, Ружица Ѓорѓиевска и Невена Гилева 252, Јована Гроздевска 251 и Наталија Чона 250. Останатите резултати беа под 250. Во машка категорија, најдобар беше Дарко Стојковски 288, Павел Гагачев 268, Ајхан Арслановски 265,  Васко Стојановски 263, Кико Димовски 260, Горан Христовски 251. Останатите резултати беа под 250, вели Михајловски за првите резултати во ваква куглана.Генерално, додава Михајловски, како тренери, сме задоволни од прикажаната игра, беа направени и многу грешки што е разбирливо, бунеа сензорите за престап (што ги немаме во Битола), бунеше времето (немаме тајмери), самата просторност на кугланата, подлогата, однесувањето на даските, мазноста на куглите … но како за прв пат беше одлично.За проектот “куглавме и бевме среќни, а овој ден ќе се забележи како едно убаво искуство и покажување на битолските куглари што значи да се има куглана која е стандард во цела Европа.  Задоволството да се кугла на овие 13-14 годишни деца беше евидентно и со полн жар искуглаа борејќи се за што подобра игра.