Press "Enter" to skip to content

Со високи 6:1 на градскиот ривал, Топ гол ќе презими во Купот (фото)

Во рамките на 1/8финалето од Купот на Македонија за жени во градското куп-дерби повторно победи екипата на Топ гол.

Топ гол – Атлетико 6:1 (4:0)

На фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола екипата на Топ гол ја декласира екипата на Атлетико со конечен резултат од 6:1, на полувреме 4:0, со головите на Т. Јанковска во 38., Бумбаровска во 35.  и 90. и со хет-трикот на капитенот на овој натпревар И. Ристевска.

Екипата на Топ гол уште еднаш ја докажа својата доминација над Атлетико и се пласира во следната нокаут фаза од куп натпреварувањето.

-Честитки до моите фудбалерки за оваа победа, се радуваме и тоа дека е над нашиот градски ривал, имавме целосна доминација на играта создадовме многу шанси за гол од кои само 6 успеавме да реализираме. Сакам да упатам и пофални зборови за капитенот на овој натпревар Ивана Ристевска за фантастичната нејзина игра и постигнатиот хет-трик. На овој натпревар му укажав шанса и на две фудбалерки од младинскиот погон на кои што ќе сметам на нивните ангажмани во следната полусезна, изјави тренерот на Топ Гол , Кире Грбевски.

За Топ гол настапија: Салиевска, Крбалевска, Бумбаровска, Размовска, Нешковска, Гоцевска, Ристевска, Петровска, Николовска, Талевска, Јанковска уште играа: Ѓоргијева, Митаноска, Пецаковска, Миленкова и Андреевска.

Ова беше последен натпревар во оваа календарска година за екипата на Топ гол, а фудбалерките и Управата се надеваат, како што ја завршивме 2018 година и со победа да ја започниме и 2019.