Press "Enter" to skip to content

Јошко ослободи уште двајца странски ракометари од Пелистер

Она што го најави тренерот на Пелистер, Јошко Петровиќ, на првата прес конференција дека играчкиот состав кој го затекна при неговото доаѓање треба да се редуцира, пред се кај странците полека се остварува.

Тој ги ослободи од обврските уште двајца странски ракометари десниот бек Вук Перовиќ и голманот Милош Рајчиќ.

Србинот Перовиќ во Пелистер дојде пред почетокот на оваа сезона, а на голманот Рајчиќ ова му е втората сезона. Пелистер ќе ангажира нови ракометари на нивните позиции во наредниот период.

Претходно, Пелистер ги ослободи Владимир Зејак и Мохсен Карамиан.