Радовиш – Еурофарм Работник 25-43 (11-21)
Спортска сала: „25 Мај“ – Радовиш. Гледачи: 500.
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Рaдовиш: Паунов, Мицев, Тушев, Ѓорѓиев, Симиќ 1, Ристов 1, Органџиев, Димов 3, Бујиќ 8, Атанасов, Илиев 7, Долдуров, Колоски 5.
Седмерци: 1/0, Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Работник: Чаневски, Трајкоски, Ивановски, Ојлески 4, Пецаковски, Крстевски 2, Граџан 9, Ѓукиќ 7, Петровски 1, Блажевски, Каковски 1, Талевски 6, Чурлевски 3, Мемиќ 3, Кузмановски 5, Кукоски 2.
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 2 минути
Лидерот на табелата во Суперлигата, Еурофарм Работник, забележа лесна и убедлива победа на гостувањето против Радовиш со 25-43, во заостанатиот натпревар во македонската Супер лига.
Радовишани со водство од 1:0, го започнаа натпреварот, но потоа сè беше во знакот на “фармацевтите“, кои од минута во минута го зголемуваа водството за на полувреме да биде 12 разлика (10:22). Во вториот дел Чирковиќ им даде шанса на сите ракометари, па темпото на игра спласна, но не и разликата, која на крај достигна 18 гола.
Граџан со девет гола беше најефикасен, Џукиќ со седум и Талевски со шест голе беа најефикасни кај Еурофарм Работник.
Овој дуел беше поместен заради настапот во третото коло на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Берн.
По комплетирањето на натпреварите со 34 бода, Еурофарм Работник ја зголеми предноста на +7 бодови пред второпласираниот Бутел.
За екипата на Еурофарм Работник, нема одмор, а веќе в сабота гостуваат кај Струга.






